Исхрана

Креч карфиол или шарена брокула?

width=635

Пред на настане било каква забуна виолоетовата брокула/карфиол нема никаква врска го генетски инженеринг и еднинствено каде што човекот вмешал прсти во оваа сорта е селекција и фаворизирање на пигментираните единки за размножување и добивање на овие виолетови убавици на крај. 

Дали знаете дека на ваков начин е настанат и белиот карфиол? Да добро прочитавте, денешниот млечно бел карфиол некогаш бил пигментиран, зелен, виолетов или портокалов. Но на одгледувачите изгледа најегзотичен им бил бел, па со ливчињата ги покривале младите главици карфиол, ги лишувале од директно сонце и спречувале развој на хлоропласти – зрнцата кои го содржат растителниот пигмент.

Приказната е слична и со морковите. Денешната портокалова боја која ја има морковот е постигната во 16ти век од страна на Холанѓаните како подарок за кралицата, а претходно бил со бела, жолта или виолетова, па дури и црна боја.

Е сега што било прво и не е толку важно како што е важно кое е поздраво да се јаде? Веднаш сетете се дека интензивната боја на зеленчукот и овошјето најчесто говори и за поголем контент на пигменти. Овие пигменти може да бидат витамини, антиоксиданси, анти-канцерогени агенси.

Конкретно во виолетовиот примерок има многу поголема содржина на антоцијанини, моќни антиоксиданси, го ослободуваат телото од слободните радикали, а со тоа пружат многукратен бенефит. Делуваат и антиинфламаторно па се смета дека може да послужат и против хроничните воспалителни заболување.

Портокалово обоените зеленчуци изобилуваат со бета-каротени, зелените со хлорофил. Имате бенефит од секој, а за максимум фито-нутрицинеси најдобро е да ги комбинирате.

И уште нешто за кое можеби не сте размислиле… Брокулата може да се јаде свежа, сурова, исто и карфиолот. Не мора да ја изложувате на температура, туку можете да ја јадете во салата или да ја изблендирате во некој вкусен сос и овој начин е супериорен бидејќи нема да изгубите ни трошка од витамините и фитонутрициенсите со кои овој супер-зеленчук располага.

← Назад кон архивата