Флора-фауна

Предноста на домашниот терен

width=635

За многумина останува загатка колкава е предноста на домашното пред гостинското и колку таа предност е значајна. За оваа проблематика во спортот се направени неколку истражувања кои ја потврдуваат психолошката и физиолошката предност кај екипите или спортистите што настапуваат на домашен терен.

Според научниците има повеќе нивоа на предност кога е во прашање настапот на домашен терен, особено кога натпреварот се игра пред бааги публика.  

Една група на Британски неуролози сакајќи подетално да ја објаснат флоскулата „играме на домашен терен” како предност во спортот го докажаа на еден специфичен начин. Нивните истражувања покажале значително повисоки нивоа на тестостерон кај професионални и полупрофесионални фудбалери во Англија.  Во истражувањата особено значителни резултати добиле кај голманите, кога натпреварот се игра дома во однос на натпреварите кој се играат во гости. Ова тие го објаснуваат со улогата на голманот која е исклучително одговорна.  

width=635

Истражувањето се состоело во земање на примероци од плунка за да се утврди нивото на тестесторен пред натпреварот и одговарање на прашалник за емоционалната состојба. Резултатите од домашните натпревари ги споредиле со тестовите направени на натпревари што се играле во гости. Добиени се сигнификантни разлики во нивото на овој хормон, во полза на домашниот натпревар.  Додека во анкетата не се забележани разлики во однос на емоционалната состојба која играчите субјективно ја опишале. 

width=556

Воедно примероци се земени и за време на тренажните процеси на тимовите и во услови кога се игра со поголем или помал ривал во натпреварувањето. Високото ниво на тестостеронот на домашните натпревари се поврзува со доминацијата и агресијата поврзана со заштита на својата „територијата”.

← Назад кон архивата