Вести

Брукс се адаптира на меки задници

Brooks е англиска фирма која претставува поим за ретро велосипедски седишта, а ги изработува уште од 1882 година, откога добиле сертификат за производство. Кожените седишта кои имаат возено безброј задници 127 години имале една маана. Откако ќе си го купиш седиштето, некое време тоа е доста тврдо и треба време и возење додека не омекне. 

Затоа Brooks најмуваат дизајнерска компанија која треба да им изработи дизајн на ново седиште, изработено од современи материјали, со одредена мекост со што би се избегнал овој проблем, но во исто време и да се зачува историјата на брендот, односно седиштето да ги има цртите на неговите претходници.

Ideo, фирмата која беше задолжена излегува со следново. Ја отфрлаат 4,5 мм дебелата кожа која беше препознатливиот белег на седиштето, но беше коренот на проблемот со тврдоста и ја заменуваат повторно со природни материјали оптегнати на метална рамка.

Беше употребена специјално вулканизирана природна гума како основа која даде мекост и еластичност, покриена со памучно платно кое е водоотпорно, и сето тоа поставено на алуминиумска рамка создавајќи го новото hammock седиште на Брукс. 

Го крстија Камбиум и му ставија цена од 195 долари.

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата