Вести

Се одржа ендуро трката Ендуроманиакс 2013

Учествуваа повеќе од 30 возачи од повеќе градови кои имаа тешка задача да ги извозат двата круга по предизвикувачки офф роуд терени, првиот од езеро Младост до Катланово и назад, а вториот во правец на Рудник со екстремни искачувања и брзи офф роуд делници.

Организаторите имаа позитифен фидбек од учесниците со што е загарантирано и повторното издание на оваа ендуро трка догодина вели Сашко Ванов претседател на мото клубот „Мото Велес”

„Со оглед на тоа што ова е скап спорт имавме одличен одзив од натпреварувачите имајќи предвид дека на ендуро трки во Охрид имаше 15 возачи и во Стенковец имаше 18 возачи. Како за прво издание беше одлично и оние што не учествуваа им останува да жалат. Идејата за организација на настанот ја добив летово кога мојот син Драган Ванов учествуваше во ендуроманија Метеора-Грција кој беше натпревар од светски ранг и каде учествуваа 450 возачи” 

← Назад кон архивата