Пиколино

Rock ‘n’ Roll: Музичко бустање на мозочето

width=635

Еве неколку предлози:

Тапани – Доколку вашето малечко сака да удира по тенџериња и тави тогаш тоа има потенцијал да свири на тапани. Не само што е кул, туку е и одлична физичка активност. Студиите велат дека профи тапанари согоруваат 250 – 600 калории. Не е така лошо за интрумент каде само си седиш и удираш.

Кларинет – Овој инструмент му дава на вашето дете да свири во повеќе прилики: приредби, паради, бендови и сл. Згора на сè, со тоа дишење ќе го подобри капацитетот на белите дробови.

Харфа – Нечесто децата се одлучуваат за овој инструмент. Но докажано е дека дури и родителите може да имаат корист, бидејќи свирењето на харфа го намалува крвниот притисок и смирува.

Гитара – Можеби нема да ви се допаѓа вашето дете да ”Move Like Jagger” ама многу веројатно ќе се гордеете на усовршените вештини да свири на овој многу посакуван инструмент.

Флејта – Со помош на овој инструмент се буста мозочето, се подобрува капацитетот на белите дробови и се градат мускули на рацете (пробајте да држите флејта во рок од еден час). За помалите дечиња постои и таканаречена “пиколо” која е со помали димензии.

width=635

Виолина – Сите инструменти бараат концентрација, но виолината ги надминува сите. Покрај тоа мора да бидете мулти таскинг додека манипулирате со жиците на виолината со едната рака, а со другата го движите лакот. Виолината ги учи децата на посветеност и дисциплина уште во раната возраст.

Труба – Доколку се одлучите за труба, вашето дете ќе развие брзи рефлекси.

Let’s Rock ‘n’ Roll!!!!

← Назад кон архивата