Флора-фауна

Халотерапија против воспаление на синусите

width=635

Воспалението на синусите е воспаление на слузницата која ја обложува синусната шуплина. Со оглед на тоа дека синусните шуплини се мали, секој воспалителен процес на тоа ниво пропратен со оток на слузницата доведува до уште поголемо намалување на шуплината. Од друга страна, воспалителниот процес сам по себе е придружен со хиперсекреција од страна на слузницата така што секретот уште повеќе волуменски го намалува просторот во синусот.

Се ова доведува до нивна намалена функционалност и чувство на затнат нос, чувство на притисок и тежина во главата, главоболки или постојано течење – слевање на секрет во грлото.
 
Уште полоша варијанта е кога секретот во синусите е густ и леплив и многу тешко се слева и самодренира, бидејќи тогаш овие тегоби стануваат уште понагласени а таквиот секрет е многу добра подлога за развивање на инфекции.

width=635

За време на халотерапијата (терапијата со сол) доаѓа до намалување на отокот на слузницата и разводнување на секретот. Во најголем број случаи, ефектите се видливи уште по првата терапија, добар ефект се очекува околу петтата терапија, а оптимумот е отприлика 10 терапии. Сепак, секогаш можни се и индивидуални разлики.
 
Солта делува противвоспалително, антивирусно, антибактериски и го јакне локалниот имунитет на слузницата.
 
Со халотерпијата употребувате природно лековито средство кое дејствува директно на самото место на проблемот, без употреба на хемиски супстанци. За кратко време се олеснува дишењето, се намалува чувството на притисок во главата и се намалува главоболката.
 
Лекувајќи ги синусите добивате и подобрување на севкупниот имунитет и психофизичка релаксација на целиот организам. Со еден лек, повеќе дејства – која друга супстанца ќе ви го обезбеди истото?

← Назад кон архивата