Тиква со рузмарин


- (доза за 4 луѓе)
- 1кг тиква
- 2-3 гранчиња свеж или 2 лажици сув рузмарин
- 2-3 чешниња лук
- сол и бибер по желба
- 3 лажици маслиново масло за готвење
Подготовка
1. Тиквата се чисти, се лупи и се сече на коцки.
2. На загреано масло се ставаат целите лукчиња, лесно се пропржуваат, а потоа им се додава сецканиот рузмарин.
3. Рузмаринот кратко се пропржува кога му се додава тиквата која што се пржи половина час на тивок оган со лесно мешање.
4. На крајот се додава сол и бибер според вашиот вкус.
