Тренинг

Тренирајте ги вашите слабости

width=635

Маратонците немаат гајле да трчаат огромни дистанци, но ако треба да се направи спринт, често се многу слаби во тоа бидејќи ги немаат тренирано мускулните влакна (тип II) кои се важни за кратки, но брзи и моќни истрчувања.

Скоро секој спортист има некоја слаба точка. Зајакнете ги овие точки бидејќи „Балансираното тело е еднакво на истрајност.“


Трчање

Проблем: Маратонците имаат добра издржливост, но малку снага.

Решение: Додадете експлозивни вежби како чучњеви и исчекори во вежбите.

Предлог вежби: 
Два пати неделно, четири серии по 20 повторувања

width=635


Велосипедизам

Проблем: Велосипедистите не се навикнати да тренираат во повеќе од една рамнина, па затоа имаат слаба горна мускулатура (труп).

Решение: Внесете вежби со скокови и еднорачни тегови.

Предлог вежби:
Два пати неделно, четири серии по минимум од 10 повторувања.  

width=635

 


Скијање

Проблем: Преголеми квадрицепси.

Решение: Избалансирајте ги нозете со таргетирани вежби за задната ложа.

Предлог вежби:
Два пати неделно, четири серии по 25 повторувања на една нога.

width=635

← Назад кон архивата