Вести

Идризи и К.К. Форца незапирливи во Хрватска

width=635

После големиот услех во Турција, балканскиот првак не застана тука, туку следна дестинација беше Славонски Брод, Хрватска каде што се одржа 20от по ред меморијален турнир  во чест на загинатите хрватски бранители.

На тој турнир, Балканскиот шампион се пријави на двете дисциплини, по две пријави. КАТА МЛАДИ КАДЕТИ (златен), КАТА КАДЕТИ 14-15 ГОД (иако 3 години помлад од конкуренцијата, стигна до сјајниот бронзен медал), а во КУМИТЕ (БОРБИ) БЕШЕ НЕЗАПИРЛИВ и во кокуренцијата УЧЕНИЦИ – 38 КГ, и во конкуренцијата ПОМЛАДИ КАДЕТИ – 36 КГ ОСВОИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ, И ТАКА СТАНА ЕДИНСТВЕН НАТПРЕВАРУВАЧ НА ТУРНИРОТ СО ОСВОЕНИ 4 МЕДАЛИ (3 ЗЛАТНИ И 1 БРОНЗЕН) и на крајот беше прогласен за најдобар на турнирот.

width=635

Треба да се напомене дека поред Идризи на турнирот од К.К,. Форца учествуваа уште Усаме Бајрами кој освои злато и сребро, Еркан Љусјани кој во јуниори беше бронзен, а иако има само 16 години, се бореше во сениори – 67 кг и го освои сребрениот медал кој вреди златен и Сајра Морина мораше да се задоволи со сребро.

Карате клуб Форца одлично ја претстави Македонија каде што само со 4 натпреварувачи освои дури 9 медали и на крајот го освои пехарот најуспешен клуб на турнирот.

  • „Задоволни сме од постигнатиот успех, поготово од настапите на Балканскиот шампион Идризи кој беше незапирлив и од Љусјани кој лавовски се бореше кај сениорите“, изјави тренерот на клубот Моарем Имери.

← Назад кон архивата