Патентирање на еден патент

Under Armour, фирмата за спортска облека жестоко го рекламира нивниот нов патент кој најверојатно нема да треба да се доплаќа туку ќе дојде вклучен во нивните јакни и други облеки (мала иронија).
Исто со запци, нели, тука нема можност за измени, ама овој може да се закопчува со една рака. Ништо посебно кога ќе земете предвид дека секој жив човек на планетава пак ќе фаќа со двете раце.
Битно има магнетче, кое ги спојува двата краја и механизам за некој вид на „заклучување“ на двете делчиња. И ништо посебно, али директоров си е нафуран и сака да му биде се` под конец, и звукот што го прави и изгледот, па и тоа да може да се закопчува со една рака, и фино си го рекламират, нема што.

