Напредни концепти во персоналниот тренинг


Книгата вклучува поцртани делови за полесно учење во секоја секција каде практично се применети концептите на персионалниот тренинг. Со читањето на оваа книга и со примена на информациите во учебниот водич на NCSF (NCSF Study Guide) ќе ги добиете сите потребни информации за да го положите тестот NCSF-CPT, а со тоа да станете сертифициран и компетентен персонален тренер.
Во Македонија овој тест можеби не е достапен (има можност да се полага во соседните држави) или официјално не се бара, но од витално значење за секој поединец што сака да влезе во индустријата на персонален тренери е да се здобие со квалитетно знаење што понатаму ќе го издвои од останатите тренери и ќе резултира со задоволни клиенти.