Вести

Непал ќе сефтосува 165 девствени врвови

width=635

Непалците дадоа зелено светло за новиот залак за жедните авантуристи и алпинисти, за оние кој висината и земјите од хималајскиот венец се зависност без која животот не би бил толку возбудлив.

Грото од врвовите се до пет илјади м.н.в, има дванаесет седумилјадарки и една осумилјадарка. Во Непал има 1300 врвови од кој што само на 326 беше дозволено да се качува. Ова е потег на Владата кој со нетрпение се чекаше од 2004 година кога и беше направено последното проширување на листата на врвови кој се дозволени за искачување. 

Два од овие 165 девствени врвови ги носат имињата на првите искачувачи на Еверест, а тие ќе се викаат Hillary Peak (7681 м.н.в) и Tenzing Peak (7.916 м.н.в). Владата исто така размислува да даде имиња на уште два врва кои ќе бидат во чест на Морис Херцог и Луи Лашенал кои ја искачија Анапурна во 1950 година.

← Назад кон архивата