Вести

Извештај од Собранието на Европската Комисија на спортисти

Беше голема чест да се присуствува на ваков собир каде покрај разговорите за работата на комисијата во изминатите 4 години, се разговараше и за плановите и проектите кои требаат да се реализираат наредните 4 години до 2017.

Главниот акцент беше ставен на Европските Олимписки игри кои треба да се одрзат во Баку, Азербејџан во 2015 година, на кои ќе настапат скоро сите земји од стариот континент и со тоа всушност ке се тестираат перформансите на спортистите како главен тест пред претстојните Олимпсики Игри во Рио 2016.

Покрај овие прашања се разговараше на тема “злоупотреба на недозволиви супстанции” која беше навистина интересна тема, опфаќајќи премногу комплексни прашања и одговори презентирани од страна на врвни имиња во областа на спортската медицина.

Прекрасно чуство е да се слушне од навистина силни Национални Олимписки Комитети за угледот и професионалноста на Македонскиот Олимписки Комитет, не само во рамките на стариот континент туку и од сите останати земји ширум светот. МОК кој со својата посветена и макотрпна работа допринесува наши спортисти да се подготвуваат во познатите тренинг центри низ целиот свет а секако и макотрпно работи и на полето на едукација на тренерски кадри и стручни спортски соработници. Со еден збор можеме да бидеме горди за досега сработеното, одиме понатаму со усте поголем ентузијазам и конкретни решенија!

← Назад кон архивата