Фајт Квест (Fight Quest) Винг Чун

Ученикот учествува во многубројни методи на тренирање што се работаат со партнер. Тие ги развиваат потребната телесна структура, како и позиционирањето, аглите, рефлексите и типовите енергија; со напредокот на ученикот низ целиот систем, вежбите генерално добиваат зголемен интензитет.
Клучен елемент на изучувањето на системот Винг чун е уникатниот метод познат како „Чи сао” (Chi Sau), кој сензитивноста на учениците ја развива до многу висок стандард. Тренингот Чи сао ве учи како да ги примените сите претходни концепти како рефлекси, а не на претходно зацртан начин.