Нека гори сетилото за вкус


Можете ли да ги замислите кинеската кујна во блага варијанта. Многу одамна Тајландците ја немале основната намирница во нивниот популарен сос “шрирача”, а пилешкото во слатко-кисел сос било далеку од луто. И секако можете ли да си замислите зима без ајвар или лето без полнети пиперки? Благодарение на откритието на Колумбо, американскиот континент кој е нативна почва на пиперките, денес целиот свет е во можност да ужива во нивниот вкус, а Македонците да си го прават деликатесниот ајвар за во ладните зими.
Црвените и портокаловите пиперки имаат поголем нутритивен бенефит од нивните помлади облици – зелените пиперки, а лутите имаат и те како посилен ефект врз организмот од благите во секоја смисла. Освен тоа пиперката е пребогата со витамин Ц (тука води зелената пиперка), неколку кратно повеќе од портокалот, а има и големо количество на витамин А.
Напротив од популрното верување дека лутите пиперки може да предизвикаат улцери во желудникот, денес е докажано дека тие всушност делуваат благопријатно врз целата слузница од дигестивниот тракт и ги смируваат воспаленијата и грчевите кои може да се јават заради лоша исхрана. Хемиската компонента заради која лутите пиперчиња така пријатно ги дразнат вкусовите папили на јазикот се вика капсаицин. Но има и нешто повеќе зад капсаицинот од вкусовата дразба. Оваа состојка докажано го стимулира нервниот систем, а исто така придонесува и за забрзување на метаболизмот.