Флора-фауна

Тркалезно лекарство за заморени стапала

Болките во стапалата а особено во сводот не се нешто непознато за многумина. Во многу случаи се појавува и воспалителен процес кој е наречен плантарен фасцитис, што ја зафаќа плантарната фасција на стапалото која се протега од петата до прстите и ја оформува поткрепата на сводот.

Причините за болки во стапалото можат да бидат различни, обувките, телесната тежина, неправилната потпора на стапалото (газењето), потолготрајно стоење исправени, одење со високи потпетици и многу дрги фактори.

Доколку не се наоѓа херој по дома, или масерот е презафатен за да им се посвети на вашите стапала останува работите да ги земете во свој раце (нозе). За да делувате благопријатно на веќе настанатата состојба ви препорачуваме да земете тениско топче (може и голферско) и самите да направите плантарна масажа на стапалата.

Како:

  • Босоноги застанете придржувајќи се на маса или столица.
  • Поставете го топчето под едното стапало и притиснете.
  • Правете движења напред-назад и задржете го притисокот онаму каде чуствувате напрегање и болка.
Доколку не ви се наоѓа топче по дома отидете до продавница за спортска опрема и купете цела сет топчња, подарете ги на ваши пријатели и испратете им ја статијава за да си имаат вовед.

← Назад кон архивата