Италијанци планираат да скијаат од Лхотце


Скијачите Едмонд Жеусаз и Федерико Коли заедно со камерманот Карло Лимонта имаат во план да ја скијаат јужната страна на 8,501 метарскиот Лхотце во експедицијата Lhotse Ski Challenge.
Тимот има огромно искуство, особено тим лидерот, Едмонд кој живее на Коурмајер на Монт Блан е ветеран ски инструктор и алпски водич, а воедно, своевремено бил дел од италијанскиот скијачки тим кога во 1984 го освоил италијанскиот Куп.
Тимот го очекува тешко качување, но и уште потешко спуштање бидејќи на делови има и падини кои достигнуваат 55 степени. Моментално тие, според информации објавени на нивниот блог се аклиматизираат на базниот камп.
Во 2011 година првата ваква експедиција предводена од американците Џејми Лејдлоу и Крис Ериксон беше неуспешна.
