Сите на смартфон, Гармин на саат


Garmin Forerunner 620 и 220 се продолжение на веќе постоечките фитнес монитори сместени во часовник FR610 и FR210 и е специјализиран за трчање.
И да, часовниците ќе го прават истот она што може да го направи вашиот телефон, ама е уредно и минималистички сместен на вашиот зглоб наместо да мафта насекаде.
Од тоа што веќе е познато, FR620 ќе биде одлична алтернатива за разните апликации.
Екранот кој ќе работи на допир сега е во колор издание, а часовникот (кој има вграден акцелератор, идеја превземена од самите смартфони) покрај срцевата работа ќе може да ја мери и чекорите во минута односно темпото со кое се движите и ќе може да ве „посоветува“ да се држите до точката на потење, од 150 до 200 чекори во минута.

Друга алатка е тоа што може да ви ги „лови“ вертикалните осцилации, кои при трчање баш и не се најпожелни. Доколку се движите нагоре-надолу како пинг-понг топче, часовникот ќе ве поправи да се здобиете со чекор нанапред и поефикасно да ја искористите енергијата.
Времето на контактот со подлогата е исто така одлична работа која што FR620 ќе може да ја мери. Најчесто овој параметар се движи од 160 до 300 милисекунди, а кај професионалците е помал од 200.
FR620 е поскапата варијанта и е наменет за професионални атлети бидејќ покрај ова горе има уште куп други спецификации меѓу кои и алгоритам за пресметување на VO2 max (максималната консумација на кислород што е огледало на аеробниот капацитет.)
FR220 ќе биде наменет за просечниот човек кој сака да трча и да ги следи неговите резултати.