Киоск за поправање на точаци


Bike Fixtation се вика целокупната работна станица за разни итни поправки на точак, која што во себе содржи вендинг машина за купување на резервни делови, а од страна има дел каде што ги има сите потребни алати, од клучеви, пумпа, инбуси, шрафцигери и слично. И сите се фино врзани со сајла, случајно да не побегнат.
Идејата е лансирана од Chad DeBaker и Alex Anderson првично во јужен Миенаполис, а сега е раширена на повеќе места во САД, како во Калифорниа и Тенеси.
Од кога се отворени, машините имаат стотици продажби. Во нив, покрај делови за точак ставени се и разни пијалоци и ужинки, како и мултифункционална алатка, креми за сончање итн.
По првото инсталирање на станицата во Минеаполис, ДеБекер бил преплавен со повици од разни општини, паркови и школи, не само поради функционалноста туку и поради цената, 7,700 долари за цел киоск што поставено на високо фрекфентно место се исплаќа самото за година дена.



