Сладоледна бомбица


- 2 банани
- грст ореви
- неколку бадемчиња
- 1 лажица агавин сируп
- 1 лажица (дрвена) домашен мед
- 1 лажица рогач во прав
- 4-5 семки сурово какао
- 1/2 авокадо
- 1 мала чаша млеко од бадеми (количината варира)
Подготовка
1. Едноставно, сите продукти ги ставате во блендер и пасирате додека не ја добиете посакуваната смеса.
2. Додавате млеко од бадем за да ја разредите смесата, но не треба да ви стане премногу кашеста.
3. Смесата ја ставате во соодветен сад со поклопец, а потоа малку во замрзнувач за да биде потврда и освежителна. Но нема да згрешите ако ја пробате и веднаш!
4. Пожелно е побрзо да се изеде, но мислам дека ова нема да ви биде проблем.
