Вести

Гугл ќе промовира фитнес за неговите вработени

За 2016 година е закажано сечењето на црвената лента во новиот кампус на Гугл сместен во Лондон. Детали од кацелариите во кои ќе работат идните 5,000 вработени се веќе испланирани и нацртани од страна на компанијата Allford Hall Monaghan Morris.

Преку нив се гледа дека Гугл има план да стави акцент на фитнесот и спортувањето за неговите вработени со што би се зголемила нивната работоспособност и исполнетост во текот на денот.

Во план се базен и патека за трчање на кровот од зградата, како и внатрешен адаптиран ѕид за спортско качување кој ќе се наоѓа помеѓу некои од катовите. А паркингот за велосипеди ќе зафаќа површина еквивалентна на седум тениски игралишта, со што компанијата промовира користење на точак како превозно средство во англискиот главен град.

← Назад кон архивата