Вкусната конекција [интерактивен инфографик]


Се работи за тип на мапа изработена од страна на Scientific American на која одлично се визуелизирани и комплексно поврзани вкусовите на храната и пијалоците.
Секој тип на храна или пијалок се прикажани како сина точка (различни по големина во зависност од популарноста и распространетоста на продуктот), а црвените линии се всушност конекции на исти или слични хемиски состојки помеѓу продуктите.
Колку подебела црвена линија, толку повеќе заеднички хемиски состојки делат продуктите.
Вертикалната позиција ја дава комплексноста на хемискиот состав на продуктот. Оние што се високо на табелата се со високо комплексни вкусови (пример говедското месо) и делат многу хемиски состојќи со другите продукти, за разлика од пример, грашокот, кој се наоѓа долу.
Сличните хемиски состави се тие кои одредуваат кој со кој ќе биде спарен, како што досега тоа е скоро целосно познато во светот на гастрономијата.
Кликај и копај