Флора-фауна

Најдобриот стречинг на светот

Се работи за динамично истегање со статични компоненти, па затоа можете да го вметнете како дел од загревањето пред секоја вежба, како и на крајот од сесијата.

width=635

Лакт – до – исчекор (позиција A)

Се започнува во позиција на исчекор, десната нога далеку напред, коленото свиткано во 90 степени, левата нога во исправена позиција, рацете на подот од внатрешната страна на десната нога, грбот рамен.

Таргет: флексорите на колковите, задникот, задната ложа, квадрицепсите, листовите. 

width=635

Лакт – до – исчекор (позиција Б)

Следно, подигнете ја десната рака од подот и свиткајте ја за 90 степени во лактот. Спуштете го лактот према надолу максимално што можете, без да го виткате грбот.

Таргет: подлабоко во флескорите на колковите, задникот, предната и задната ложа и листот.

width=635

Надворешна ротација на торзо со посегнување

Вратете ја десната рака на подот, ротирајте го торзото кон лево, и исправете ја левата рака кон таванот. Држете го `рбетот прав и продолжете да посегнувате.

Таргет: ги вклучува рамената, пекторалисите, половината, внатрешните и надворешните ротатори на колковите и оликвусите. Зголемува мобилност на `рбетот.

width=635

Внатрешна ротација на торзо со посегнување.

Вратете ја левата рака на подот, ротирајте го торзото кон лево, посегнете ја десната рака кон таванот, потпирајќи се на левата.

Таргет: ист како и претходната вежба, а додатно ги синхронизира мобилноста на торакалните прешлени со стабилноста на лумбалните.

width=635

Стречинг на флексори на колк и квадрицепс (позиција А)

Спуштете го левото колено на подот, ставете ги рацете на десната надколеница. Затегнете го задникот и притиснете со рацете во бутот со што ќе го бутнете торзотот наназад, исправајќи го `рбетот колку што можете.

Таргет: квадрицепс, флексори на колк, абдомен.

width=635

Стречинг на флексори на колк и квадрицепс (позиција Б)

За да го проширите истегнувањето, посегнете со двете раце над главата. 

Таргет: подлабоко во абдоминалните мускули, бицепсите

width=635

Истегнување на задна ложа и листот

Ставете ги рацете на двете страни, поместете ги колковите наназад, и исправете ја десната нога и држете го грбот колку што можете поисправен (како на сликата). 

Таргет: задна ложа и лист

source

← Назад кон архивата