Рака(в) ти кошаркарски

Далеку од тоа дека не треба пракса, тренери и безброј обиди за да се направи точната невро-мускулна конекција за да се изведе перфектниот шут, помагалово има научна позадина како би можел да помогне во оваа цел.
Се работи за целосниот ракав на Vibrado кој на три точки има поставено акцелерометри (мерачи на забрзувањето) кој даваат прецизни информации од изведениот шут директно на компјутер со што подоцна би можеле да се искористат во подобрување на траекторијата на шутот што се изведува.
Мерачите се сместени на бицепсот, подлактицата и надворешниот дел од раката, а пропратени се со звучни и светлечки сигнализатори со што можат да го потсетат играчот кога прави некоректно поставување на дел од раката.
Бонус е тоа што може да го измери лакот на топката при одреден шут со што може да се подобрат слободните фрлања.