Силата што повторно го крена на нозе

Тој успева да се покрене и да се врати на поранешниот стил на живот со помош на својата упорност, инвентивност и волја за екстремен и динамичен живот…
Инспиративната приказна на Курт Јаегер не почнува по незгодата, но тогаш ги преоѓа сите граници на упорност и посвестеност, како што претставува и пресвртница во неговиот живот кон подобро.
Oсвен што продолжува да вози тури и да се натпреварува на БМХ натпревари, има успешна актерска кариера, добри спонзори, а пропратно има продукциска куќа, волонтер е во неколку организации и главен човек на комитетот во Лос Анџелес за локални актери со инвалидитет (AFTRA).
Неговата приказна е инспирација за спотот на бендот Рудементал, каде прилично реално е прикажано неговото опоравување, а главен актер е самиот Курт и неговите пријатели.
Според него, за време на опоравувањето, она што го движело напред е мислата која што го води секој велосипедист од овој тип… ”што можам да направам за да ги поместам своите граници?”. И покрај лошите моменти, мрачните мисли по 30 операции, 4 месеци поминати во болница и уште 6 пред да стане од кревет… тој го бира животот!
Почнува позитивно да размислува што може да подобри кај себе, ја има поддршката од фамилијата, пријателите, а подоцна и од спонзорите кои се спремни да му помогнат со многу иновации за да се врати во форма и да продолжи со возењето БМХ.
Прво се качува на истиот моторцикл со кој ја доживеал незгодата, а потоа пробува и со точакот… На почетокот, единствено се трудел да ја зачува ногата на педалата на било кој начин, дури и да ја лепи со лента. Подоцна ја открива магнетната педала и специјално изработени патики со магнет на површината. Сепак, поминува одреден период, многу тренинг и паѓање додека педалата, патиките, специјалниот БМХ, протезата и изведбата на Курт достигнат едно солидно ниво.
Тој е моментално број еден адаптиран БМХ-ер во светот, а учествувал и во X Games 16 и X Games 17.
Исто така, во 2012 го викаат да тренира со тимот на Параолимписките игри од САД во Боб санки и Скелетон.
Тука можете да прочитате интервју со Курт Јаегер од SkillPages.