Исхрана

Природен допинг?

width=629

Иако одамна со репутација на одлично овошје за пред тренинг, не само заради количината на вода што ја обезбедува, туку и ликопенот со моќната антиоксидација, овој летен бисер (поточно бисериште) делува и како бустер.

Одговорноста за оваа способност на лубеницата доаѓа од големото количество на аминокиселината цитрулин, која и името си го добила според нејзиниот најлојален извор (лат. Citrullus – лубеница). Имено цитрулинот е одговорен за создавање на азот монооксид, силен вазодилататор, ги проширува крвните садови и на тој начин го зголемува дотокот на глукоза до скелетните мускули и го намалува крвниот притисок.

Испитувањето било спроведено на Универзитетот во Катагена, Шпанија, врз доброволци, од кои третина добивале плацебо, третина џус од лубеница и третина џус засилен со цитрулин. Последните две групи покажале подобри резултати, но и побрзо опоравување на мускулите.

Научниците положуваат надеж дека, како што вели и насловот, спортистите кои се обидуваат да зграпчат врвни резултати, бустот на енергија и опоравување ќе го најдат во мајката природа.

← Назад кон архивата