Флора-фауна

Девојките подобри во интервалните тренинзи од ипсилоните

Се работи за меѓуполова студија објавена во The Journal of Strength and Conditioning Research каде што резултатите покажаа дека жените трчале со повисок процент од нивниот максимален срцев рејт (96-97%) отколку мажите (околу 92%).

Сите субјекти биле професионални тркачи кои имале задача да трчаат сетови од по 4 минутни интервали и сето тоа со максимален напор и на највисоко ниво кое што можат да го постигнат.

Двете групи ги оцениле вежбите со исти оцени, а сепак жените покажале подобри резултати.

Matt Laurent, главниот истражувач, вели дека овие резултати покажуваат дека има видливи разлики во тоа како мажите и жените самостојно го регулираат нивниот интензитет на тренинзи.

← Назад кон архивата