Флора-фауна

Од неспиењето си патиме

width=630

Се работи за мала студија во која со мозочни скенови направени на 23 испитаници се опсервираше како тие одлучуваат за типот на храна што ќе го јадат во зависност од тоа дали се одморени или ненаспани.

Резултатите покажаа дека центрите за „награда” после јадење, во нашите мозоци, реагираат посилно на мрсни и благи работи кога сме лишени од сон (кога не сме доволно наспани). Дополнително, се докажа дека правиме помалку рационални одлуки (повеќе импулсивни) кога сме под стрес од недоволен сон.

  • „Мислам дека имаме околу 16 часа оптимално работење на мозокот пред тој да има потреба да се исклучи и оди на одмор. Тоа е единствената и најефективна работа што би можеле луѓето да ја направат за општото здравје, но и за здравјето на нивниот мозок.” вели Matthew Walker професорот кој го води истражувањето.

← Назад кон архивата