Флора-фауна

Смечувај калории додека се кварцаш

width=635

Одбојка – како најраспространет спорт на песок во летните денови, одбојката претставува одличен начин да го потрошите ручекот или пивцето. Час време скокање на мрежа може да скине дури и до 400 калории, а при тоа не заборавајте дека во одличен тонус се држи целото тело, активирајќи ги скоро сите мускулни групи, од рацете до потколениците.


width=635

Бадминтон – Грацилниот рекет, нежното перце и не толку нежните удари може да ви откачат од прилика 190 калории на половина час. Пробајте, прилично интересно и возбудливо.


width=635

Тенис на плажа – Малку потежок рекет, и малку повеќе калории за трошење, од прилика од 300 до 500 на час. Одлично за размрдување и екстра забавно.


 

  • Препорачуваме – За да фатите фина боичка, а да не биде после со киселото млека фрлете добра заштита од сонце, а најдобро би било да се активирате на зајдисонце.

Дополнително, ако нема мрежа, не ви ни треба. Секоја од игриве може да биде исто интересна и без таа параферналија.

← Назад кон архивата