Флора-фауна

Кога ПМС напаѓа возвратете со (правилна) храна

width=635

Правилната и балансирана исхрана може да ви помогне да се соочите со симптомите од предменструалниот синдром, а ако го направите правилниот избор, дури и страшните потреби за храна нема да резултираат со вишок килограми по стишувањето на хормоните.

Магнезиумско решение

Драстичен намалувач на симптомите на ПМС-от на еден многу едноставен механизам. Магнезиумот ги покачува нивоата на хормонот на среќа во организмот т.е. серотонин и со тоа создава чувство на задоволност и среќа. Гравот, грашокот, спанаќот и полнозрнестите пецива изобилуваат со магнезиум.

Б комплекс против комплесни ситуации

Мала доза свежнување со Б витамини помага во ослободување од чувството на премореност и депресија, а исто така и помага во намалување на стресот. Со комплексот на Б витамините изобилуваат бананите, пилешкото, слаткиот компир, јајцата.

Правилниот избор

За време на предментуалниот синдром потребите од храна се зголемуваат за 100-200 калории. Овие калории надоместете ги со ореви, кикирики или сончоглед наместо чипсови и грицки или пак сложени јаглехидрати како кафеав ориз, овесни снегулки наместо чоколади и слатки. Храната богата со влакна ве одржува сити подолго време.

  • Никогаш не дозволувајте малата болка и подуеност во стомакот да ве спречат да бидете физички активни. Никаков ПМС не е причина и контраиндикација за една доза вежбање. Напротив може да имате само бенефит, да ја намалите подуеноста и да се чувствувате задоволни.

← Назад кон архивата