Вести

Јовановски прв во Црна Гора

width=635

Трката  „XIII Grand Prix Montenegro – Stazama Kralja Nikole”  одржана под покровителство на општината Бело Поле и велосипедскиот сојуз на Црна Гора е дел од календарот на UCI (Интернационална Велосипедска Унија) под класата XCO Class C3.

Овој викенд, во неколкуте категории настапија 60 квалитетни велосипедисти од Србија, Македонија и Црна Гора, меѓу кои се наоѓаа четворица наши натпреварувачи од охридскиот велосипедски клуб Екодром. 

Во категоријата јуниори настапија Јован Јовановски и Петар Упевчески, а во категоријата на кадети, Новица Велјаноски и Филип Петрески.

Јовановски убедливо победи во јуниорската конкуренција со време од 1:33,39, со што само ги потврдува неговите високи квалитети. Во истата категорија Петар Упевчески го освои петтото место, а кадетите Новица Велјаноски и Филип Петрески трката во својата категорија ја завршија на второто односно шестото место.

← Назад кон архивата