Флора-фауна

Активна пауза е подобро од пауза

width=635

Според студијата објавена во European Journal of Applied Physiology се докажа дека активното одмарање за време на паузата од интервалниот тренинг дава подобри аеробни перформанси од целосното одмарање.

Имено, во студијата 18 тркачи биле распределени во 2 групи, една трчала на највисокото темпо кое можеле да го достигнат 30 секунди и одмарале наредните 30, а другата група трчала на исто така највисок интензитет, но на паузата испитаниците лесно џогирале.

Резултатите покажале дека максималниот аеробен капацитет (VO2 max), круцијален параметар за целокупното фитнес ниво, бил поголем кај тие кои имале активно одмарање.

Интересно, но одмарањето помалку, всушност ти дава подобар рикавери момент и поголем аеробен „буст” за време на наредната вежба. Др. Мајкл Џојнер, еден од докторите на испитувањето, вели:

  • „Кога правиш измена во интервалите, подигањето од 30 до 60 е многу полесно отколку од 0 до 60. Со тоа што остануваш активен за време на паузата се одржува константниот крвоток во мускулите да потпомогне во метаболизирањето на лактатите во гориво за наредната сеанса.”

← Назад кон архивата