Флора-фауна

Малиот цвет со големите моќи

width=635

Оваа билка и нејзиниот мирис се добро познати, а нивната способност да се справат со несоницата, денес веќе и научно докажана. Имено лавандата има способност да ја успори активност на нервниот систем и да делува врз сонот така што ја продолжува онаа бавнобранова фаза, за која се смета дека е одговорна за средување на податоците и меморијата. Чувството после сонот потпомогнат од овој мирис е попријатно, посвежо и поенергично.

Уште едно ура за ароматерапијата. Седативниот ефект на лавандата што го подобрува сонот е исто така препорачлив и за смирување и релаксација при напад на нервоза или анксиозност.

Билката има и антисептичко дејство, па се препорачува како природен антисепитик за рани и повреди. Не само што ја зголемува регенерацијата на клетките, туку и ја намалува последичната лузна. Од другите кожни проблеми се покажала како ефективна и за акни, изгореници, егземи, себореа.

Лавандата има смирувачки ефект и врз слузницата од дигестивниот тракт, а стимулира и секреција на жолчка. Така организмот полесно ги дигестира масните соединенија, а исто помага и во ослободување од гасови и опстипација.

Пуштете ја имагинацијата да проработи и вклучете ја свежата лаванда во следниот оброк, не само како убав декор за око, туку и како зачин за јадење, за ваш внатрешен мир и релаксација.

← Назад кон архивата