Девојки, 4 едноставни вежби за секси раце


Вежба 1
Започнете со оваа класика, флексија во зглобот на лактот, раширете ги нозете во ширина на рамената. Исправете го рбетот и рамениците. Внимавајте да нема движење на надлактот за да направите изолирање на оваа мускулна група (сликата подоле).

Изведете 4 серии со 12, 10, 10, 8 повторувања.
Вежба 2
Позната како чекан, ова е уште една вежба која ги активира мускулите на надлактот, кој во оваа (неутрална-ниту е супинација, ниту пронација) позиција на држење на еднорачните тегови го активираат повеќе брахиалниот мускул во споредба со претходната вежба која го стимулира повеќе двоглавиот мускул.

Изведете 4 серии со 12, 10, 10, 8 повторувања.
Вежба 3
Трицепс потисок над глава во кој ќе употребете само еден еднорачен тег и започнете го движењето како што е прикажано на сликата подолу.

Изведете 4 серии со 12, 10, 10, 8 повторувања.
Вежба 4
Легнете на грб и свијте ги колената, теговите во почетна позиција држете ги до ушите, како што е прикажано на сликата подолу. Во интегрално движење поткренете ја карлицата и едновремено исправете ги рацете со што ќе ги го активирате трицепсот. Оваа вежба дополнително ќе ја тонизира глутеалната регија. Уживајте во секој сет.

Изведете 4 серии со 12, 10, 10, 8 повторувања.