Жетварска салата


- 1-2 краставици (зависи од поканетите конзументи)
- китка магдонос
- 2 ливчиња босилок
- по 1 гранче рузмарин и мајчина душица
- 5-6 чешниња лук
- 2 лимона
- маслиново масло
- јаболков оцет
- природна сол и бибер по желба
- вода
- коцки мраз
Подготовка
1. Краставиците ситно се сецкаат (што поситно, толку поубаво).
2. Лукот се толчи со солта.
3. Се додава рузмаринот со сите останати состојки. Магдоносот ситно исецкан се додава најодозгора.
4. Едниот лимон се цеди и од него се додава сокот, додека другиот се додава ситно сецкан на коцки.
5. Се додава оцетот и маслиновото масло со биберот.
6. Садот со состојките се прелева со вода и се додаваат што повеќе коцки мраз, се меша и тоа е тоа!

