Велосипедски шлем за ич пари

Дизајнерскиот тим од Лондон работи на прототипот за велосипедски шлем кои ќе биде доволно ефтин, а воедно доволно добар за да си ја изврши работата кој ќе може да се вклопи во програмите за изнајмување на велосипеди низ Лондон.
Се работи за ефтини шлемови за една употреба кои ќе бидат направени од рециклирана хартија и ќе доаѓаат во склоп на секој изнајмен точак во лондонското централно подрачје. По употребата, шлемот ќе може да биде рециклиран и претворен во нов.
За сега дизајнерите имаат најдено начин да направат биоразградувачки прототип, без додатни адитиви, кои ќе чини само една фунта. И она што е најважно, тестовите покажуваат дека хартиената кацига е доволно добра да спречи поголеми повреди на главата.