Вести

Тур де Еволушн

Патот е порамен

Во 1903та, првата Тур де Франс се состоела од шест сериозно тешки стази од кои секоја била во просек со повеќе од 400 км. Пред стигнувањето на врвот Col D’Aubisque во 1910 (инаку шестиот врв од седумте на стазата) Октав Лапиц извикал „убијци” на организаторите. Денешните Тур имаат 21 стаза и два дена за одмор во тие 3400 км. Секое лето организаторите ставаат нов асфалт на патеките.

width=635

Велосипедите се каде-каде полесни

Првите Тур точаци имале две брзини, а потребно било да се преврти задното тркало наопаку за да се смени брзината. Со ригидни челични рамови, дрвени тркала велосипедите тежеле и до 18кг. Во последните 30 години технологијата доведува до создавање на разни алуминиумски, титаниумски и карбон композитни рамови, па денешните велосипеди достигнуваат до минималните 6,8кг. Сепак, велосипедот ја има истата геометрија на рамот, со две тркала и две кочници, исто како во 1903та.

width=635

Велосипедистите јадат поздраво

Во раните години од трката, велосипедистите често застанувале во локалните кафанчиња за време на рутата. Дури и пред 10 до 20 години велосипедистите се најадувале со паста и месо со што се надевале на повеќе калории. Денешните диети еволуираат кон високопротеински чоколатца, легуминози, комплексни јаглехидрати, ориз итн.

width=635

Хидратацијата оди на повисоко ниво

Кафе, пиво, вино и вода се првичните течности кои ги хидрирале велосипедистите на дамнешните Тур трки. Овие напивки често биле давани од фановите. Денеска тимовите го анализираат статусот на перспирација на секој велоиспедист поединечно за да се детерминира кој пијалок треба да консумира тој натпреварувач.

width=635

Несреќите се сè уште присутни, понекогаш фатално

Неколку работи се немаат сменето во тур. Напнатоста на трката, фановите по патот, и се разбира, сообраќајките. До сега четворица имаат починато во вакви случаи, од кој последниот во 1995 година, додека многумина се сериозно повредени во спектакуларните „пирамиди”. И секогаш постоеле овие несреќи поради самиот притисок за да се победи.

width=635

Извор

← Назад кон архивата