3-ДЕ трекинг

Овој технолошки потфат на компанијата Натур Вали е сличен на платформата на Гугл мапс и дава виртуелен приказ на засега 400 милји траси за трекинг низ најубавите предели од 4 национални паркови на САД. И сето тоа ви е достапно на вашиот компјутер, еден клик и сте во Гранд Кањон или во Јелоустоун . Промовиран минатата година проектот се надоградува со нови содржини и изобилува со 360 степени “одземање на здив” од панорами, зумирање до детали на почвата, автентичен звук на жуборење на поток или шумење на дрвја.