Флора-фауна

Момци, физиотопки и постилки

width=635

Без разлика дали дигате тегови или пак се спремате за на маратон, часовите по пилатес можат да ви помогнат да го подобрите вашиот перформанс на повеќе начини.

Вежбате запуштени мускулни групи

Некои мускулни групи ги стимулирате постојано, како и во текот на целиот ден, така и во текот на вашиот тренинг. Пилатесот вклучува вежби за мускули кои можеби и не знаете дека постојат во вашето тело или воопшто не им посветувате време.

Зголемувате флексибилност

Може да се каже дека важи правилото „колку поголема мускулна маса толку помала флексибилност”. Меѓутоа пилатесот посветува многу вежби на истегање. Со тоа постигнувате превенција од мускулни повреди како и зголемување на флексибилноста.

Зацврстување на јадрото

При вежбање пилатес се фокусирате целата енергија за придвижување на екстремитетите да ја извлечете од т.н. јадро, односно од длабоката абдоминална мускулатура. Силното јадро значи подобар баланс и стабилност.

Релаксација и концентрација

Додека вежбате пилатес мора да се сконцентрирате и на правилна респрација. Правилното дишење за време на целата сесија ќе овозможи после вежбањето да се чувствувате релаксирани и опуштени.

Подобар секс

Покрај јадрото, со пилатес ги зацврстувате и карличните мускули. Мажите со појаки карлични мускули полесно и подобро го контролираат овој дел од телото, доволно кажано.

← Назад кон архивата