За малку пари, многу музика


Зелката може да биде добра превентивна мерка од атеросклероза, особено кај оние со високи вредности на холестерол во крвта. Таа содржи големи количина на диетални влакна и овие нејзини компоненти се врзуваат со жолчните киселини.
Кога се случува овој процес, жолчката полесно се екскретира и крајниот резултат е помалку холестерол. Максимум ефект во тој поглед се постигнува ако зелката е обарена. Освен тоа диеталните влакна се добро познати и во справување со опстипацијата.
Во поново време овој мега зеленчук добива и антиканцерогени признанија. Според некои истражувања синигринот содржан во зелката може да превенира повеќе типови на рак, како рак на дебело црево, простата и мочен меур.
Има моќен антиоксидациски потенцијал благодарение на големите количини на витамин Ц кои ги содржи па затоа токму зелката била главен протагонист во откривањето на лекот против скорбут. Првиот морнарски брод кој се вратил од долго патување и без ниеден пријавен случај на скорбут е бродот кој со себе си понел буриња и буриња кисела зелка.
И за крај, од зелката добивате најмала количина маснотии и најмал број на калории од било кој друг зеленчук. На здравје салатче.