Спасиќ на спринт и класик во Бања Лука

Љубомир настапи во кајак на диви води – спуст во дисциплините спринт и класик на Светскиот куп што се одржа изминатиов викенд на реката Врбас во Бања Лука каде учество земаа 18 држави
Нашата репрезентација 15 години немаше претставник во овие дисциплини, а со ова се планира возобновување на оваа кајак дисциплина.
Тој во дисциплината класик заврши на 33тото место додека во спринт на 34тото место, а исто така, пред ова натпреварување зазема учество и на спринтот во Светското првенство во Солкан, Словенија.