Печени компири со рузмарин


- 1кг млади компири
- 2 лажички путер
- 4-6 чешниња лук
- 4 гранчиња рузмарин
- 2 лажички јаболков оцет
- маслиново масло (за готвење)
- морска/хималајска сол
- бибер по желба
Подготовка
1. Лупените компири се варат 20 минути во вода со малку сол и масло.
2. Се вадат, се цедат и се редат во тепсија. Во тепсијата се става малку путер… лесно се промешуваат и се редат.
3. Во меѓувреме се прави смеса од масло, оцет, рузмарин, бибер и сол (по вкус).
4. Компирите се полеваат одозгора, а нелупените лукчиња се расфрлаат низ тепсијата.
5. Се печат 10тина минути на 220 степени за да добијат златно жолта коричка…
