Флора-фауна

Баланс на тесната трамболина

width=635

Слеклајнингот (Slacklining) претставува вежбање на баланс на тесно парче најлонска или полиестерска ткаенина која е всидрена на два краја (најчесто дрва). Овој вид на спорт и забава се разликува од одењето по цврсто затегнато јаже, бидејќи тука станува збор за подинамична пракса. Линијата е поширока од јаже, таа е растеглива и еластична, нешто како многу тесна трамболина и дозволува на неа да се прават разни акробации, балансирање па дури и јога.

На видеото, Џош Гринвуд ја појаснува целата магија на тесната еластична линија, вербата во себе, симетријата, опуштањето на умот и убавината на слободата.

← Назад кон архивата