52 секунди од местото на злосторот


Огромен број на професионални и аматерски натрпеварувачи од цел свет учествуваа во 9те спортови и 25те дисциплини на овие GoPro Планински игри.
Имаше фул контакт кајакарење, рафтинг, планинарење, Светски шампионат во болдер, аматерско качување, пецање риба, слеклајн јога и што ти уште не. Сето тоа супер организирано и проследено од огромна бројка на гледачи.
Оваа верзија трае само 52 секунди (доволно за да ви пушти лиги), а може да си го пуштите и во 3Д, ако имате цвикери што ви останале од кино.