Флора-фауна

Интензивен Микс аеробик со Елена Бубало

 

Микс Аеробик-Екстрим е комбиниран комплекс на вежби со висок интензитет составен од елементи од повеќе дисциплини како што се аеробик, пилатес, каланетика, тае бо, степ аеробик, степ кик многу други атрактивни модели на тренинг.

Секој од овие комплекси на вежби си има свои карактеристики и свои обележја, а миксот од елементи од сите овие дисциплини прави една целина, односнo еден нов сложен комлекс на вежби кој делува позитивно на морфолошките промени, доведува до подобрување на функционалните и моторичките способности.

Со помош на овој програм од вежби настануваат бројни позитивни промени како што се: редукција на поткожното масно ткиво, подобрување на издржливоста, силата, брзината и еластичноста на телото, како и на подобрување на целокупниот здравствен статус. Бонус е прекрасно обликувана атлетска фигура.

← Назад кон архивата