Вести

Умствен фитнес преку кликови

width=635

Полето на фитнес на мозокот се заснова на новиот концепт за пластицитет на мозокот – идеја според која мозокот може да се модифицира и обликува самиот, доколку ние работиме на негов тренинг.

Порано, се мислеше дека мозокот се развива само во периодот на детството, и од кога човекот достигнува зрелост, па натаму, неизбежен е процесот на ментално опаѓање (слабеење). Но, според новите истражувања се покажа дека мозокот има можност за регенерација и може да формира нови линкови и нервни врски во текот на целиот живот. Тука влегуваат компјутерите и фитнесот на мозок.

Паралелно со појавата на теоријата, на интернет започна појавата на нова софтвер индустрија во полето на тренинг за умот која измислува игрички кои треба да направат подобрување не само на меморијата туку и на другите битни когнитивни функции како вниманието, работната меморија, перцепцијата, одлучувањето итн. Еве една опција на која ние се пробавме.

width=635

Но, прашањето е дали истите функционираат? Ова најмногу зависи од тоа дали новите истренирани вештини би можеле да се пренесат во секојдневните активности на животот. И, бидејќи оваа теорија во полето на невропсихологија и напредната наука се нови, не постојат доволно цврсти докази и студии за тоа дали ваквиот тренинг на мозокот би можел да не направи подобри во реалниот живот.

Додека тоа останува да се докаже, еве неколку докажани совети за одржување на бистар ум.

На мозокот треба да му обрнуваме внимание исто како и на нашето цело тело. Тоа значи, доволна аеробна вежба, добра нутриција и стрес регулација. А менталната вежба, иако е важна за здравјето на мозокот, таа не мора да доаѓа од компјутерот (земете ја медитацијата како основен пример за вежбање на умот).

← Назад кон архивата