Нема качување на Олимписките Игри


Во изјавата на интернет страницата на Меѓународниот Олимписки Комитет беше објавено:
„Извршниот одбор на Меѓународниот Олимписки Комитет денес ги препорача безбол/софтбол, сквош и борење да бидат предложени на 125-тата Сесија на Меѓународниот Олимписки Комитет за можно вклучување на дополнителни спортови на Олимписката програма за Олимписките Игри во 2020 година.
Извршниот Одбор избра три спорта преку тајно гласање од вкупно осум спорта меѓу кои карате, спортови со ролери, спортско качување, вејкбординг и вушу. Имаше и 30 минутни презентации од страна на секоја Меѓународна Федерација и продолжена евалуација од страна на Комисијата за Олимписка Програма за да го одредат нивниот потенцијал за зголемување на вредноста на Игрите.